XВестиЛокално

51-годишен маж од Рашче фатен со оружје, уапсен од полицијата (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е уапсен 51-годишен маж од Скопје, откако истиот бил фатен со оружје.

“Денеска (24.10.2025) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило “мерцедес” сопственост на Б.Х.(51) од с.Рашче,скопско при што биле пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава“, стои во соопштението на МВР.

Related Articles

Back to top button