XВестиЛокално

23 Октомври – Ден на Револуционерната Борба на Македонија

Денес во Северна Македонија се одбележува 23 Октомври, датум кој се поврзува со основањето на тајна револуционерна организација во 1893 година во Солун, позната како Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО).

Организацијата била создадена во периодот на Отоманската империја, со цел да се обезбеди автономија на Македонија преку политичко организирање и вооружена борба. Таа делувала во повеќенационален контекст и имала влијание врз политичките процеси во регионот на крајот од XIX и почетокот на XX век.

Основачкиот состанок се одржал во домот на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На него учествувале шестмина припадници на тогашната образовна елита:
Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батandжиев.

Во 1903 година организацијата се вклучила во Илинденското востание, настан што оставил значајни политички и општествени последици, иако целите не биле целосно постигнати.

23 Октомври денес претставува ден за одбележување и потсетување на важен историски период и на политичките идеи кои влијаеле врз оформувањето на модерната историја на Македонија.

Related Articles

Back to top button