XВестиЛокално

Скопје преплавено со отпад – Владата нареди вонреден надзор над работата на „Комунална Хигиена“

Скопје е преплавено со отпад, а по влошената состојба на терен, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за итна интервенција.

Со официјален акт, е наредено спроведување на вонреден надзор врз работата на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена – Скопје“, со цел да се испита како се врши собирањето и транспортот на отпадот низ градот.

„Ве информирам дека денес Владата на Република Северна Македонија нареди вонреден надзор врз начинот на собирање и транспорт на отпадот на територијата на Град Скопје, поради алармантната состојба создадена изминативе денови.

Исто така, Владата нареди детална контрола на работата на ЈП ‘Комунална Хигиена – Скопје’, поради нерегуларното собирање на отпад, што сериозно го загрозува здравјето на граѓаните.

Многу скоро ќе спроведеме целосна акција за чистење на градот, затоа што скопјани заслужуваат чистота, достоинство и администрација што работи за нив“, напиша заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити.

Состојбата со отпадот во главниот град предизвика бројни реакции кај граѓаните, кои со денови алармираат за преполни контејнери, несобран смет и опасност по јавното здравје.

Related Articles

Back to top button