XВестиЛокално

Судењето за трагедијата во „Пулс“ ќе започне на 19 ноември

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе започне на 19 ноември 2025 година, во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 млади беа повредени.

„Главната расправа за кривичниот предмет со ознака К.бр. 1872/25, поврзан со несреќата во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, е закажана за 19 ноември 2025 година, со почеток во 09:30 часот, во судницата во Казнено-поправната установа Идризово“, соопштија од Кривичниот суд.

Како што беше претходно објавено, обвинението кое првично го поднесе Јавното обвинителство во Кочани, а потоа со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија беше пренесено во надлежност на Јавното обвинителство во Скопје, е целосно потврдено. Според системот АКМИС, предметот е распределен на постапување кај судијката Дијана Груевска Илиевска.

„Поради интересот на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, како и заради транспарентно информирање на јавноста за овој случај, информираме дека освен судиите кои беа изземени од постапките пред оценката на обвинението, судијките Тамара Витларова-Смилевска и Илина Смичковска-Илиевска беа изземени од натамошното постапување во предметот, поради исполнување на законските одредби – односно лична познаност со некои од оштетените лица“, наведуваат од судот.

Во судскиот совет ќе членува и судијата Ахмед Идризи, кој ќе биде втор член на советот што ќе постапува по предметот, согласно измените во годишниот распоред за работа на судиите, додаваат од Кривичниот суд.

Related Articles

Back to top button