XВестиСвет

Германската полиција ќе може да ги соборува дроновите што се закана за безбедноста

Германската влада усвои нов закон со кој на федералната полиција ѝ се даваат специјални овластувања за соборување на дронови што ја нарушуваат воздушната зона или претставуваат ризик за јавната безбедност.

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека целта е да се спречат инциденти како оној од минатата недела на аеродромот во Минхен, кога десетици летови беа откажани или пренасочени поради појава на неидентификувани беспилотни летала.

„Инцидентите со дронови ја загрозуваат нашата безбедност. Ние тоа нема да го дозволиме. Ги прошируваме овластувањата на федералната полиција за дроновите побрзо да се откриваат и неутрализираат“, нагласи Мерц.

Новиот закон следи по серија слични случаи на европски аеродроми, меѓу кои и во Данска и Норвешка. Германските власти се сомневаат дека зад дел од овие неовластени летови стои Русија, во рамки на т.н. „хибридна војна“.

Мерките предвидуваат употреба на современа технологија за откривање и веднаш неутрализирање на дроновите во чувствителни зони како аеродромите, воените центри и државните институции.

Related Articles

Back to top button