
Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми проблеми, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните подрачја е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.
Автомобилско-мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисури и долини, каде што постои можност за одрони на земјиште.
Ова особено се однесува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


