XВестиСвет

Францускиот премиер поднесе оставка помалку од 24 часа по претставувањето на новата влада

Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка помалку од еден ден откако беше претставен неговиот владин кабинет.

Оставката ја потврди Елисејската палата, по едночасовната средба што Лекорну ја имал во понеделникот наутро со претседателот Емануел Макрон.

Овој неочекуван потег доаѓа само 26 дена по неговото именување за премиер, по падот на владата на Франсоа Бајру.

Составот на новата влада, кој во голема мера остана ист како оној на Бајру, беше остро критикуван од сите политички партии во Националното собрание, кои најавија дека ќе гласаат против него.

Повеќе партии веќе бараат предвремени избори, а дел од нив повикуваат и на оставка на претседателот Макрон, кој пак јавно истакна дека нема намера да се повлече пред истекот на својот мандат во 2027 година.

Француската политика е во длабока нестабилност од јули 2024 година, кога вонредните парламентарни избори завршија со поделен парламент без јасно мнозинство, што им го отежна на сите премиери досега да обезбедат поддршка за усвојување на закони и државниот буџет.

Лекорну – поранешен министер за одбрана и верен сојузник на Макрон – беше петтиот премиер на Франција во помалку од две години.

Related Articles

Back to top button