XВестиЛокално

Уапсени двајца турски државјани за уцена и закани со убиство

Полицијата во Скопје уапси двајца државјани на Турција, осомничени за уцена и закани кон нивен сонародник. Според Министерството за внатрешни работи, тие барале 40 илјади евра од жртвата, заканувајќи се дека ќе го убијат.

Апсењето е извршено на 29 септември во вечерните часови, во подрачјето на Центар, од страна на Единицата за насилен криминал и Интервентната полиција, во координација со Јавното обвинителство. Осомничените, Е.О. (29) и Е.А. (22), биле фатени во моментот кога ја примале паричната сума, која претходно била обезбедена од полицијата.

Жртвата, 26-годишник со привремен престој во Скопје, претходно пријавил дека еден турски државјанин кој живее во Обединетите Арапски Емирати постојано му се заканувал дека ќе го убие доколку не му даде пари. Во меѓувреме, еден од уапсените стапил во контакт со него и побарал сумата да ја предаде лично нему.

Двајцата осомничени се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Related Articles

Back to top button