XВестиСвет

Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД

САД ќе воведат 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од земјата, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

„Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат слатки од децата. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД. Ви благодарам за вашето внимание. Да ја направиме Америка повторно голема ! Претседател ДЈТ’“, објави Трамп на својата социјална мрежа. 

Related Articles

Back to top button