XВестиЛокално

Кампањата за локалните избори 2025 започнува на полноќ

Дваесетдневната кампања за локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври (вториот круг на 2 ноември), започнува вечерва на полноќ.

Ова ќе бидат осми локални избори од независноста на државата и четврти на кои се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

Според Државната изборна комисија (ДИК), во трката се пријавени 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за советници, со вкупно 10.490 кандидати. Избирачкиот список, кој беше затворен во петокот, опфаќа 1.832.415 граѓани со право на глас.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека во списокот се вклучени и 112.000 избирачи кои живеат привремено во странство, 2.162 лица во затвор или притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.

Проверката на избирачкиот список траеше 20 дена, во кои граѓаните можеа да ги проверат своите податоци и да побараат исправки.

Во државата се определени вкупно 3.480 избирачки места, од кои 132 со помалку од десет запишани гласачи ќе бидат припоени кон најблиското избирачко место.

Related Articles

Back to top button