
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на најновите изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој претходно, обраќајќи му се на премиерот и претседател на оваа партија, Христијан Мицкоски, рече дека „Со загар се оди на лов по зајци, но не по орли„.
ВМРО-ДПМНЕ одговори на реториката на Ахмети со обвинувања за корупција и заробување на институциите.
„Имаме порака до Али Ахмети: не си ти орел, туку обично врапче„.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети треба да се повлече од политиката.
„Наместо да оди во пензија – не му здосади дваесет години власт?„


