
Македонија, Косово и Молдавија се меѓу земјите кои го доживуваат најголемиот пад на населението во светот, според новиот извештај на Светска банка, јавува „H1“.
Главната причина за овој тренд е масовното иселување, особено од земјите во Источна Европа, каде што јазот во платите со земјите од Западна Европа и можностите што ги отвора интеграцијата во Европската Унија ја охрабруваат емиграцијата на работната сила.
Албанија е рангирана на деветтото место на листата од 42 земји и територии со најголем пад на населението.
Според Светска банка, регионот на Источна Европа е еден од најпогодените од овој демографски тренд во последните децении.


