XВестиЛокално

Дали зборувате на мобилен телефон додека ја преминувате улицата или слушате музика со слушалки? Ако да – ќе бидете казнети!

За пешаците кои ја преминуваат улицата и истовремено зборуваат на телефон, користат слушалки на двете уши, паметни часовници или таблети, од денес ќе следуваат санкции.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата информира дека од денес стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот, кои се донесени со цел подобрување на безбедноста на најранливите категории учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од невнимание.

Според новата одлука, казната ќе изнесува 40 евра. Истите правила важат и за возачите на велосипеди, мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли, на кои, според законот, за време на управувањето не им е дозволено да користат електронски уреди.

Related Articles

Back to top button