
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во петок (26 септември) и за време на викендот во Македонија времето ќе биде значително облачно и многу посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни, проследени со грмежи, особено во петок (26 септември). За време на викендот се очекуваат пообилни врнежи во поголемиот дел од земјата.
Ќе дува умерен ветер, а во Повардарието повремено засилен, од југоисточен правец. И во Скопје и околината, особено за време на викендот, ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни и проследени со засилен ветер од југоисточен правец.
Температурите значително ќе опаднат, дури и за повеќе од 10 степени во споредба со сегашните, а максималните дневни температури за време на викендот ќе се движат во интервал од само 13 до 20 степени. Исто така, на највисоките планински врвови (над 2000 метри надморска височина) можно е појава на првите врнежи од снег за оваа сезона.
Локално, за време на викендот ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен).
Сѐ на сѐ, да се подготвиме за вистинско есенско време со значително пониски температури и чести, пообилни врнежи, почнувајќи од викендот.


