
Државната изборна комисија попладнево е планирано да ги потврди листите на кандидатите за градоначалници и советници.
Жрепката за редоследот е предвидено да се одржи најдоцна до 25 септември.
Во општинските изборни комисии се доставени 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници.
Осумнаесет кандидати ќе влезат во трка за градоначалник на Град Скопје.
Изборната кампања започнува на 29 септември, а првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври.


