XВестиЛокално

Брисел: Албанија кон затворање на преговорите за членство до 2027 година

Делегацијата на Европската Унија во Албанија оцени дека земјата може да ја оствари амбициозната цел да ги затвори преговорите за членство во ЕУ до крајот на 2027 година.

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, ЕУ му честиташе на премиерот Еди Рама и на новиот владиен кабинет, кој официјално го започна мандатот на 19 септември.

„Честитки до премиерот Еди Рама и сите министри за преземањето на функцијата. Со постојан напор за усвојување и спроведување на неопходните реформи преку транспарентни и инклузивни процеси, Албанија може да ја постигне амбициозната цел за затворање на преговорите за членство до крајот на 2027 година. Очекуваме да соработуваме со сите албански актери за да се достигне овој историски момент, во корист на албанските граѓани“, се наведува во соопштението.

Албанија е земја кандидат за членство во Европската Унија од 2014 година и досега одржа неколку меѓувладини конференции со ЕУ за отворање на поглавјата од преговорите.

Related Articles

Back to top button