
До 07:00 часот, на територијата на РСМ има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 2 се активни, 2 се под контрола, а 27 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 2
Општина Гази Баба: с.Виниче, м.в.Муратица (нискостеблеста шума); Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с.Пeтрово (букова шума).
ПОД КОНТРОЛА: 2
Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре); Општина Делчево: Депонија Острец (запален отпад).
ИЗГАСНАТИ: 27
Општина Гази Баба: с.Трубарево (електричен отпад); Општина Зелениково: с.Вражале (борови насади); Општина Шуто Оризари: ул.Хаџи Јован Шишко (запалено ѓубре); Општина Студеничани 1: с.Студеничани (ѓубре); Општина Студеничани 2: с.Морани (грмушки, трња и ниска вегетација); Општина Чучер Сандево: с.Глуво (ниска вегетација); Општина Бутел 1: Љуботенски пат (грмушки и ниска вегетација); Општина Бутел 2: с.Љуботен (ниска вегетација); Општина Арачиново: с.Арачиново (трска); Општина Илинден: с.Кадино (ниска вегетација); Општина Битола: с.Лажец (стрниште); Општина Крушево: Градска Депонија (отпад); Општина Струмица: с.Дабиле (ниска вегетација); Општина Ново Село: с.Старо Коњарево (стрниште); Општина Босилово: с.Старо Балдовци (стрниште и тополи); Општина Богданци: Патен правец Богданци – Гевгелија (ниска вегетација); Општина Струга: с.Дoлна Белица (ниска вегетација); Општина Дебар: с.Рајчица (ниска вегетација); Општина Кичево: с. Другово (запалено стрниште); Општина Македонски Брод: с.Ореовец (ниска вегетација); Оштина Карбинци: с.Долно и Горно Трогерци (стрниште); Општина Берово: нас.Абланица (грмушки и ниска вегетација); Општина Кочани: Долни и Горни Подлог (стрниште); Општина Пробиштип: с.Лезово, м.в.Лезовска чешма (грмушки и ниска вегетација); Општина Куманово 1: нас.Пуковско (стрниште); Општина Куманово 2: нас.Пуковско (стрниште); Општина Липково: с.Никуштак (ниска вегетација).


