
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари средба со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, предводени од Матео Мекачи, Јулија Манчин, Полона Зајец и Един Шабани. На средбата се разговараше за значењето на организирањето на фер, слободни, демократски и европски избори, како неопходен стандард за нашата држава.
Целиот пост на претседателот на ДУИ, Али Ахмети:
Денеска остварив средба со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, предводени од Матео Мекачи, Јулија Манчин, Полона Зајец и Един Шабани.
Разговаравме за значењето на организирањето на фер, слободни, демократски и европски избори, како неопходен стандард за нашата држава. Северна Македонија сè уште има простор за подобрување на изборниот амбиент, за да се гарантира еднаквост и правичност за сите учесници.
Убеден сум дека политичкиот дискурс треба да се заснова на аргументи и визија за иднината на земјата, додека најголемата одговорност за организирање на изборниот процес паѓа врз власта.
Ние како ДУИ ќе продолжиме да даваме сопствен пример, бранејќи ги демократските стандарди и европската перспектива на земјата.


