XВестиЛокално

Повторно пожар на депонијата „Дрисла“, пожарникарите реагираа брзо

Пред полноќ, малку пред 23:00 часот, на депонијата „Дрисла“ повторно избувна пожар, овојпат на сосема друга локација, подалеку од делот кој беше зафатен претходните денови.

Екипите на скопските пожарникари веднаш излегоа на терен и започнаа со гаснење. Поради специфичноста на пожарот, паралелно со интервенцијата беше потребно и затрупување на опожарената површина. Во акцијата беа вклучени и градежни машини, чиј возачи брзо пристигнаа на лице место.

По еден час интервенција, пожарот беше изгаснат и затрупан, со што се спречи негово проширување кон главниот дел на депонијата.

Во меѓувреме, до 07:00 часот утринава, на територијата на државата се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а десет се изгаснати.

АКТИВЕН:

  1. Општина Гевгелија: планината Кожуф, во близина на с. Петрово (пожар во ниска шума и листопадна маса).

ПОД КОНТРОЛА:
2. Општина Студеничан: депонијата „Дрисла“ (отпад);
Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад).

ИЗГАСНАТИ:
10. Општина Пробиштип: маало Калниште – с. Добрево (дабова шума и ниска вегетација);
Општина Кочани: место Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (отпад);
Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (депонија отпад);
Општина Студеничан: с. Горно Количани (ниска вегетација);
Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
Општина Долнени: с. Лажане (ниска вегетација);
Општина Демир Хисар: ул. Грешки Пат (ниска вегетација);
Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
Општина Липково: с. Оризаре (стрништа).

Related Articles

Back to top button