
Голем пожар ја зафати фабриката за пластика во селото Трубарево, во општина Гази Баба, скопскиот регион.
Пожарот кој има големи размери претставува закана и за куќите за живеење кои се наоѓаат во непосредна близина на фабриката.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека веќе е започната интервенција, а најавуваат и можна интервенција со хеликоптери за гаснење на пожарот.
“Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи БППЗ на Град скопје се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот состојбата се следи”./PortaliX



