XВестиБалкан

Албанија отвора уште 4 поглавја со ЕУ

Албанија продолжува со забрзано темпо во процесот на европска интеграција, најавувајќи отворање на четири нови поглавја во преговорите со Европската Унија. Премиерот Еди Рама потврди дека на 16 септември, во рамки на Данското претседателство со ЕУ и во присуство на министрите за надворешни работи на земјите членки, Албанија ќе одбележи уште еден голем чекор кон членството.

„Во вторник, на 16 септември, Данското претседателство на ЕУ нѐ поканува во присуство на министрите за надворешни работи на сите земји членки, да отвориме уште 4 поглавја од преговорите за членство, кои им се додаваат на 24-те поглавја што ги отворивме за само 11 месеци – апсолутен рекорд по брзината на еден процес на преговори. Зелената агенда и Одржливата поврзаност, на полиња од животно значење, како што се транспортот, енергијата, трансевропските мрежи и животната средина, веќе се на маса. Се постави уште еден километарски камен на патот кон врвот на Албанија 2030 во ЕУ,“ напиша Рама.

Додека Албанија бележи брз напредок, Северна Македонија, која го започна преговарачкиот процес истовремено, останува блокирана поради внатрешни несогласувања и неприфатени уставни измени барани од ЕУ.

Related Articles

Back to top button