
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот Штип-Радовиш, кога комбе со работници падна од мост над реката во близина на селото Ллакавица кај Штип.
Директорот на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов, за МИА изјави дека екипата на Брзата помош констатирала две починати лица на местото на несреќата, додека третиот работник бил реанимиран и се наоѓа на третман за сериозните повреди.
Според првичните информации, жртвите се странски работници од Бангладеш, вработени во компанија од Струмица. Покрај нив, повредени се уште еден работник и возачот на комбе.
Директорот на Клиничката болница во Штип, Владко Захариев, соопшти дека едно лице е хоспитализирано и се подложува на медицински прегледи.


