XВестиЛокално

Таравари: На 19 октомври ја славиме големата победа, АКИ – ВЛЕН со разлика над 2 спрема 1

Алијансата за Албанците го одржа вечерва Централното собрание на партијата, по што претседателот Арбен Таравари даде изјави пред медиумите.

Таравари изрази оптимизам за голема победа на Алијансата за Национална Интеграција, со разлика од над два спрема еден.

Тој исто така рече дека од седум до осум кандидати на АКИ за градоначалници, четири ќе бидат добиени од страна на Алијансата за Албанците уште во првиот круг.

„Алијансата за Албанците во рамки на Алијансата за Национална Интеграција во првиот круг, од седум-осум општини кои очекуваме да ги освоиме уште во првиот круг, четири кандидати на Алијансата за Албанците ќе бидат од првиот круг. Исто така, ја усвоивме и листата на општинските советници, нивниот редослед, имињата на сите кандидати за советници. Верувам дека и таму имаме квалитет и посакувам што повеќе од кандидатите за советници да бидат избрани на 19 октомври, но конечната потврда ќе ја дадат граѓаните на 19 октомври. На сите кандидати за градоначалници и на сите кандидати за советници им посакувам успех и верувам дека Алијансата за Национална Интеграција на 19 октомври ќе ја прослави големата победа. Јас и понатаму сметам дека разликата меѓу Алијансата за Национална Интеграција и ВЛЕН ќе биде над два спрема еден“, изјави Таравари.

На ова Собрание беше потврдено коалицирањето на АА со АКИ, беа усвоени листите на советници и беше избран четвртиот потпретседател на партијата, кој ќе биде Флакрон Беџети. /PortaliX

Related Articles

Back to top button