XВестиЛокално

Ја снимале зградата на СВР Куманово, претреси кај двајца лица

Полицијата во Куманово денеска (12.09.2025), со судска наредба, изврши претреси во домовите на две лица – Д.Х. (47) и Д.Г. (51), како и во деловните простории на едниот од нив. Акцијата е спроведена поради сомнеж за неовластено снимање на зградата на СВР Куманово и полициски возила со дрон, настан кој бил регистриран на почетокот на август и објавен на социјални мрежи.

При претресот во домот на Д.Х. биле пронајдени еден дрон, шест куршуми и нотарска документација, додека кај Д.Г. полицијата открила 14 дронови.

Со двајцата се водени службени разговори, а предметите се одземени за понатамошна постапка. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Related Articles

Back to top button