XВестиЛокално

„Дрисла“ повторно се запали, Мицкоски го „обвинува“ ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски упати директни обвиненија кон Демократскиот сојуз за интеграција за повторното палење на депонијата „Дрисла“ за време на вчерашната вечер.

Според Мицкоски, чудно е фактот како во некои јавни претпријатија, со кои управува ДУИ, се случуваат вакви појави.

Тој изјави дека ќе се спроведе истрага за ова.

„„Вардарлиште, би рекол, е обезбедено. Станува „Дрисла„. „Дрисла„ во текот на вчерашниот ден беше, би рекол, речиси санирана, но од некои чудни причини, при крајот на ноќта повторно се распали и затоа денеска ќе се позанимава Министерството за внатрешни работи. Имав разговор и со министерот. На линија сме со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Со овие пштествено одговорни компании очекувам денес, утре тој проблем да биде саниран. Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена би рекол, за недела дена ќе успееме да го санираме. А јас сочувствувам апсолутно со секој оној граѓанин кој што го чувствува сето тоа. Но, чудно е, чудно е, како во одредени јавни претпријатии, каде што свои кадри има Демократската унија за интеграција се случуваат вакви работи. Чудно е! И тоа ке се истражи„, рече Мицкоски./PortaliX

Related Articles

Back to top button