XВестиЛокално

Пратениците со надзор во АНБ, опозицијата бара декласификација на прислушуваните материјали

Пратениците со безбедносни сертификати денеска влегоа во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Опозицијата достави повеќе од 30 прашања, меѓу кои и клучното – да се изврши декласификација на прислушуваните материјали, по обвинувањата дека поранешното раководство на АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувало актуелниот премиер и тогашен опозициски лидер Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени.

Од парламентарната Комисија за надзор најавија дека утре ќе спроведат контрола и во Агенцијата за разузнавање.

Related Articles

Back to top button