XВестиЛокално

„Избори“ – Јавната проверка во Избирачкиот список завршува утре

Јавната проверка на податоците во Избирачкиот список за локалните избори 2025 завршува утре, 11 септември, на полноќ. Граѓаните до тогаш можат да ја извршат проверката на своите податоци во регионалните одделенија и канцеларии на ДИК, додека денес услугите ќе бидат достапни до 20:00 часот.

Два дена подоцна, на 13 септември, истекува рокот за поднесување на листите со кандидати за градоначалници и советници. Изборната кампања започнува на 29 септември, а денот на гласање е закажан за 19 октомври. Гласањето ќе се одвива во 80 општини и во Град Скопје, на вкупно 3.480 избирачки места.

ДИК потсетува дека барањата за измена, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список се поднесуваат писмено во регионалните канцеларии или електронски на [email protected], со приложување на соодветна документација. На затворениците и лицата во притвор им е овозможен пристап за проверка преку надлежните институции.

Според законските рокови, ДИК мора да одлучи за секое барање во рок од 24 часа, а одлуките може да се обжалат во Управниот суд, кој исто така мора да одлучи во рок од еден ден. Конечниот Избирачки список ќе биде затворен најдоцна до 3 октомври.

Related Articles

Back to top button