XВестиЛокално

Автомобил „побегна“ од бензинска пумпа и удри пешак

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случи утрово по 08:00 часот во Штип, кога паркирано возило на бензинска пумпа само се придвижило, преминало на другата страна од булеварот „Гоце Делчев“ и со голема брзина, како последица на забрзувањето, удрило 48-годишна жена што се движела по тротоарот.

Повредената жена со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Според информациите, таа се наоѓа на одделението за Ортопедија, каде добива лекарска помош. Дежурниот ортопед изјави дека жената има фрактура на коската на петата.

На местото на несреќата, кај пешачкиот премин во населбата „Дујлето“, полицијата спроведува увид. Освен полициските службеници, присутна е и жената – сопственичка на возилото што го удри пешакот.

Related Articles

Back to top button