
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела Агелер денеска беше во официјална посета на Општинската организација на Црвен крст Кочани каде се сретна со влонтерите, психолози и претставници на противпожарната служба во Кочани.
При посетата на амбасадорката Агелер и беа презентирани преземаните активности на Црвениот крст на локално ниво за време на трагичниот настан од 16 март годинава и деновите потоа. Присутните имаа можност да споделат свои искуства и научени лекции од трагедијата пред американската амбасадорка.

Претставницит ена Црвен крст Кочани и изразија благодарност на амбасадроката Агелер за посетата и поддршката што американскиот народ ја дава на нашата заедница.


