
На 16 септември, Албанија ќе одржи меѓувладина конференција со Европската Унија за отворање на поглавјето „Зелена агенда“, клучен чекор на патот кон членство во ЕУ.
Според медиумите, Албанија го предаде својот преговарачки став на 2 септември и веќе е потврдeн датумот за официјално отворање на поглавјето. Процесот на отворање на поглавјата се очекува да заврши на 2 октомври, кога ќе се отвори и последното поглавје „Земјоделство и кохезија“.
Експертите истакнуваат дека отворањето на поглавјата претставува значајно достигнување, додека најголемиот предизвик останува нивното затворање, што бара усогласување на законодавството и интензивни консултации.
Додека четири од шесте фундаментални поглавја – Надворешни односи, Внатрешен пазар, Конкуренција и Општ раст – веќе се отворени, албанската влада има цел да стане полноправна членка на Европската Унија до 2030 година, со оптимизам од Комесарката за проширување, Марта Кос, дека оваа цел може да се постигне и до 2029 година.



