XВести

Синан Хасани итно префрлен на Психијатрија, неговиот син вели дека бил под голем притисок од јавноста

До ПорталиХ пристигнаа информации од Поликлиниката „Букурешт“, каде што денеска за контрола кај психијатар отишол Синан Хасани, за кого веќе неколку дена известуваме дека им го отежнува животот на жителите на Сингелиќ и лажно се претставува во различни улоги.

Според нашите информации, за време на редовната контрола тој имал напад на паника и почнал да вика, по што веднаш бил смирен со инекција од лекарите на психијатриското одделение. Поради состојбата, била повикана полицијата и брзата помош кои го спроведоа Хасани до Клиниката за психијатрија.

„Дојде сам и се пожали дека не му е добро. Му реков да почека. Потоа влезе и беше многу вознемирен. Ми рече дека не му е добро и ништо друго не кажуваше. Почна да вика. Кога видов дека е таков, ја повикав сестрата да му дадеме диазепам. Не одговараше на никакви прашања. Зборуваше небулози без логика. Го повикавме неговиот син да го види татка си и му кажавме дека ќе го испратиме на Психијатрија. Се тресеше цело време. Неговиот син ни рече дека во последната недела бил под голем стрес и притисок од јавноста“, изјавија за ПорталиХ од Поликлиниката „Букурешт“.

Лекарите сметаат дека на Хасани му е потребна психијатриска помош и дека задолжително треба да биде третиран од специјалисти. Дури, според неколку наши извори во болницата кои ја виделе ситуацијата, ни беше кажано дека во еден момент, откако лекарите му дале смирувач и го поставиле на кревет во амбуланта, тој паднал од креветот во положба за да не се повреди, а оваа свесност за самозаштита ги наведува да проценат дека тој намерно се преправа.ПорталиХ

Related Articles

Back to top button