XВести

Жителите на Чајлане од Елмази бараат пат, вода и канализација

Недостигот на функционални патишта, пиење вода и канализација се главните проблеми на жителите на селото Чајлане, за кои тие бараат решение. За време на средбата со кандидатот на ВЛЕН за Сарај, Мухамед Елмази, жителите го изразија своето незадоволство од, како што рекоа, игнорантниот однос на локалната власт.

„Најважното, првата точка е патот да се асфалтира од тука па нагоре. Водата, кога ќе дојде проектот за вода, за канализација – за канализација ни ги земаат парите, а општината не ја поставила. Општината нема финансирано ништо во селото Чајлане. Ова е срамота, катастрофа“, изјави еден жител за време на средбата.

„Сум бил во ДУИ, но никого од моето семејство не го вработија. И во селото ништо не направија. Барем патот да го имаа направено. Патот е катастрофа“, додаде друг жител на Чајлане.

Кандидатот Елмази вети дека ќе има решенија кои ќе бидат обезбедени преку различни грантови.

„Ќе ангажираме проектантска куќа која ќе го изработи проектот надворешно и ќе аплицираме и кај странски амбасади, ќе повлечеме странски фондови, или кај Владата. Постојат можности да се решат виталните и реални проблеми кои се секојдневни“, изјави Елмази.

Related Articles

Back to top button