XВести

Бујар Османи: Чаир заслужува дисциплина и секојдневна посветеност

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, преку видео објавено рано наутро, најави нов пристап во работата на општината, кој се заснова на дисциплина и секојдневна посветеност кон граѓаните.

„Секој ден, од 5:30 до 7:30 часот наутро, ќе бидам на терен, пешачејќи низ улиците на Чаир, за лично да ги видам проблемите што ги гледаат граѓаните. Не сакам извештаи од канцеларија, сакам сам да видам сe што го гледате и вие,“ изјави Османи.

Тој додаде дека секој проблем ќе се евидентира, а во 7:30 часот ќе се свикаат сите општински служби за да им се достави дневната листа на задачи:
„Ова е денешната листа. Средете.“

Османи потенцираше дека оваа заложба не претставува само едно предизборно ветување, туку секојдневна дисциплина:
„Чаир заслужува градоначалник кој не спие додека општината страда. Јас секој ден ќе го започнувам на овој начин, за вашиот ден да започне подобро.“

Со овој пристап, Бујар Османи најави нов модел на локално управување, заснован на целосна посветеност, транспарентност и итна реакција на потребите на граѓаните на Чаир.

Related Articles

Back to top button