
Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со уметниците и младите креативци, кои, како што истакна тој, „му даваат душа на нашиот град преку својата работа и креативност“. На овој отворен разговор, секој од уметниците го пренесе реалноста со која се соочува секојдневно.
„Ги слушав со внимание, бидејќи нивниот глас има тежина и, преку уметноста, тие зборуваат не само за себе, туку за сите нас,“ изјави Меџити.
Според него, барањето на уметниците е јасно: уметноста да не остане на маргините, туку да го заземе местото што ѝ припаѓа. Тоа подразбира подобри услови за работа, поголем простор за креативност и институционална поддршка за нивниот развој.
„Уметниците не треба да се најдат пред недостатоци кои ги тераат да бараат други патишта. Затоа, јас сум решен овој глас да се претвори во акција и поддршка,“ рече Меџити.
Тој нагласи дека поддршката на заедницата на уметниците ќе биде еден од неговите главни приоритети како иден градоначалник на Чаир.
„Зашто верувам дека општество што инвестира во уметноста и своите уметници е општество што ја отвора иднината. Уметноста нè прави почувствителни, поотворени и пообединети. Затоа, поддршката за заедницата на уметниците ќе остане еден од нашите приоритети, кој ќе го водам со посветеност,“ заврши Меџити.


