XВести

Меџити: За 10 дена ќе се стави во функција паркингот во Старата скопска чаршија

Првиот заменик-премиер и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на јавна изјава пред медиумите го претстави новиот проект кој има за цел оживување на Старата скопска чаршија и привлекување на посетители.

„Започнуваме многу значаен проект за развојот на Чаршијата. Го започнуваме чистењето и уредувањето на подземниот паркинг со капацитет за 60 возила, кој се наоѓа во Конзерваторскиот центар кај Музејот на Македонија. Паралелно ќе ја исчистиме и уредиме и отворената паркинг површина со капацитет исто така за 60 возила. За 10 дена паркингот ќе биде функционален и ќе им служи на посетителите, еснафите на Чаршијата, како и на вработените во двете институции – Музејот на Македонија и Конзерваторскиот центар“, изјави Мехмити.

Тој потенцираше дека ова е само еден од чекорите за Чаршијата да стане подостапна и поатрактивна за домашните и странските туристи. „Со овој чекор, денес целиме да ја оживееме Чаршијата, да го подобриме пристапот и да привлечеме повеќе туристи и посетители“, додаде тој.

Овој проект се претставува како дел од програмата на Мехмити во кампањата за Општина Чаир, каде што ветува конкретни инвестиции за урбаниот и културниот развој на оваа зона.

Related Articles

Back to top button