
Со приближувањето на изборната кампања, тензиите во Општина Крушево значително се зголемија, особено во албанските села кои традиционално му даваат поддршка на кандидатот на СДСМ. Жителите пријавуваат организиран притисок кој, според нив, се врши од страна на ВМРО преку полицијата.
„Најголемата несреќа е што сега, кога кампањата е на праг, а актуелниот градоначалник е од СДСМ и има поддршка од нашите села поради сработеното, ВМРО преку полицијата врши неподнослив притисок врз албанското население“, изјави за PortaliX Беџет Јусуфи, жител на едно од селата.
Според него, ситуацијата е алармантна: „Секој ден пуштаат полициски патроли. Луѓето се запираат на улица, им се земаат лични податоци и имињата им се запишуваат во тетратка. Потоа отворено им се вели: ‘Ако на изборите не гласате за кандидатот на ВМРО, ќе има последици – ќе ви пишуваме казни’“.



