XВести

Чудовиште што мери сила со дете!

 

Страшно видео од насилството на Александар Ѓорѓиев од селото Драчево, Скопје, врз четиригодишната ќерка е објавено од нејзината мајка. Видеото беше објавено откако таа го пријавила случајот во полиција, откако успеала да го сними насилството, и го објавила откако тој беше ставен во притвор.
– Видео од Фејсбукот на Вeнера Ѓорѓиевска
Мајката Вeнера Ѓорѓиевска во својата објава на Фејсбук сподели и претходни тешки повреди што му ги нанел детето, но тогаш не можела да докаже дека повредите биле направени од таткото.

„Дали едно дете заслужува такво детство?
Без никаква причина, само затоа што имаат болен ум и не размислуваат во вистинскиот момент, одлучуваат да покажат сила врз деца
Ако возрасните имаат проблеми, зошто да страдаат децата? Тоа е стрес и за другите. Се работи за три сестри, на возраст од 3, 4 и 9 години.
Настанот се случи во сабота наутро, навечер веќе беше во полициска станица, а сега е во притвор.
И пак, јас сум виновна што го пријавив и што сакам да ги заштитам моите деца.
Детството е најубавиот период и никој нема право да го уништи.
Детето има телесни повреди и модринки на лицето, а сите три ќе имаат трауми за цел живот…“, напиша Вeнера Ѓорѓиевска на Фејсбук.

„На 21.06.2025 година во 21:45 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ѓ. (28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 28-годишна сопруга, која пријавила дека во семејниот дом во населбата Драчево физички ја нападнал нивната малолетна ќерка“, соопшти МВР.

Вознемирувачките снимки предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи, со повици за максимална казна за насилникот.

Во август 2024 година, Александар Ѓорѓиевски објави апел за помош за пронаоѓање на сопругата, велејќи дека исчезнала откако ги оставила децата во градинка, а подоцна соопшти дека е пронајдена жива и здрава. Но, тоа би бил само обичен случај доколку не се откриеја деталите од изминатите денови за систематското насилство.

Related Articles

Back to top button