„Во учебникот за 8 одделение во еден дел од учебникот пишува дека македонското население беше подложено на масовно насилство, грабежи и прогони, беше спроведено и организирано населување на Албанците и албанизација на окупираните земји“, ова е само еден дел од учебникот по историја за која професорите по историја реагираат. Има и други делови каде што сметаат дека треба да се променат.
„Се навредуваат Албанците, но не им објаснувам на учениците тие делови кои содржат навреди. Тие се дојдени, не се автохтони“, вели Јонуз професор по историја во училиштето Абил Фрашери, општина Арачаиново.
Директорот на училиштето вели дека освен историја има и други учебници со грешки.
„Имам информации од наставниците дека има исклучителни пропусти и грешки. Има и теми кои не треба да бидат вклучени во текстот. Како на пример, кои? Теми за историјата на Албанците во Македонија“, вели директорот.
Од друга страна заменик министерот вели:
C0490 заменик министер
„Верувам во професионализмот на овие комисии бидејќи тие се професори кои ја познаваат областа. Повеќето се двоумат да седнат и да подготват таков текст за да ги соберат предавањата и да напишат текст. Го наоѓаат полесниот пат, некој друг да ја заврши работата, а тие да останат настрана за да се жалат или да обвинуваат“, вели заменик министерот за образование Лулзим Алиу.
Според минстерката за образование Весна Јаневска учебниците кои содржат дискриминација ќе се ревидираат и повчечат. такви учебници имало во албанските и бошачките.
И професорот по историја во средното училиште Зеф Љуш Марку, Насер Мифтари вели дека има и во учебниците во средните училишта искривување и невистини.
„Кога ги гледаме учебниците, почнувајќи од најстарата историја, тука гледаме изобличувања.Дури и во поновата историја, некои моменти навистина се фалсификувани, целосно изобличени, целосно лажни“ .