XStoryXВести

Oбезбедени асистенти за децата со аутизам, конечно седнаа на училишните клупи

По две недели губење од наставата, Никола започна со настава во шесто одделение во основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип. Државата обезбеди образовен асистент која го придружуваше него две години по ред. На Никола му се врати на насмевката откако започна со наставата, раскажува неговиот родител Зоран Мијалков.

„Во овој случај, во 21 век мојот помал син Никола кој е вклучен во редовна настава во Инклузија е Среќен затоа што конечно после две недели дома затоа што ненавремено се продолжија договорите на асистентите, денес почна со настава во училиштето Ванчо Прќе во Штип. Тато ќе се бори за тебе и твоите другари и другарки додека дише“.

Пред две недели, PortaliX извештаваше за недостигот на асистенти, и децата не можеа да започнат во првиот час на училиште. Институциите се уште не дадоа конструктивни причини зошто не им беше продолжен договорот на асистентите кои веќе со години се асистенти и веќе се поврзани со учениците со атипичен развој.

Целата сторија можете да ја погледнете во видеото.

Related Articles

Back to top button