Платени за објавување вести за Кина, објавени 60 илјади текстови за кинеската култура за само една година
„Приказна за едно место кои ги спојува Скопје, Охрид и Прилеп со Далијан, Дејанг и Нанчанг. Во недела на Телма емисија за збратимените градови на Кина и Македонија“, „За да се одбележи демократската реформа што ја заврши феудалната земјоделско ропство пред 65 години во центрот на Лаза, жителите од сите зони облечени во празнични костуми се собраа на плоштадот“, „Кина ќе биде економија бр.1 до 2023“.
Овие се само дел од вестите и приказните што се појавуваат во македонските медиуми. Но, зошто токму некои медиуми објавуваат за Кина, со ноти од пропаганда, односно со промоција на кинеската култура. Дали приказните се засновани на факти или само се порачани приказни? За повеќе детали следете го целиот текст подолу. Но за она што не можеме да го видиме во нашите медиуми, независните светски медиуми зборуваат
нешто друго за состојбата во Кина. Но и некои Кинези кои веќе не живеат во Кина можат да зборуваат за со какви проблеми се соочуваат Кинезите во реалноста.
Ана Крстиновска претседателка на „Естима“ која од 2016 година е дел од организацијата „Естима“ се занимава со влијанието на Кина во
Северна Македонија.
„Во голема мера присуство на наративи кои претставуваат разубавена или розева приказна за Кина затоа што се засноваат на наративи кои се пласираат од страна на Кинеската влада, кинеската комунистичка партија, кинеските државни медиуми, и таму во голема мера се
работи за пропаганда. Значи немаме објективни, речиси никогаш немаме критички содржини кон Кина“.
Земајќи во предвид дека кинеските медиуми се цензурирани и се под строга контрола на државата, оваа алудира дека вестите и информациите од кинеските медиуми треба да се земат со резерва. Дилема околу ова имаат и граѓаните на Северна Македонија кои се прикажани во
анкетите.
Според анкетата на Републиканскиот меѓународен институт во 2017 година 52% од граѓаните на Северна Македонија изјавиле дека треба да соработуваме со Кина за остварување на интересите на државата, додека во 2023 година – процентот се зголеми на 65%. Изгледа дека пропагандата оди добро?
Во извештаите на две организации, „Естима“ и „Инфо центар“ медиумите кои споделуваат содржина за Кина се „Нова Македонија“, националната телевизија Телма, порталот Фактор, Антропол и други портали кои ги земаат содржините „копи-пејст“.
„Доколку имате компанија која е поврзана со медиум или која плаќа комерцијални реклами во тој медиум, е многу логично тој медиум да има позитивна уредничка политика кон Кина. И да објавува содржини кои ја прикажуваат Кина-ѝ во позитивна светлина, коишто немаат критички
содржина или не ја репрезентираат реалноста кога станува збор за Кина“, додава Крстиновска.
Од 1 јануари 2020 до декември 2023 на time.mk се објавени повеќе од 20 илјади содржини поврзани со Кина. Само во 2023 година беа објавени повеќе од 6 илјади текстови кои се текстови земени од кинеските медиумски агенции како „Ксихуа“, „Чајна дејли“, „глобал тајмс“, „фокс њус“.
Повеќето од содржините се манипулативни и пропагандни и без автор, каде главно се потенцира економската и технолошката моќ на Кина. Ова го покажа истражувањето на организацијата Инфо центар.
„Може да ни се случи, тоа мислам дека веќе ни се случува да новинарството да биде целосно заменето со пропаганда. И тука е најголемата манипулација, граѓаните мислат дека добиваат информација, факти, а всушност добиваат пропагадна, непроверена информација па дури и неточни информации“, вели Бијана Бејкова претседател на Инфо центар.
Според етичкиот кодекс за работа на новинари и медиуми, постои задолжителност за време на емитувањето на содржините да се наведе дека се порачани или платени.
“Доколку станува збор за текст кој што е нарачан, платен или на некој начин е реклама или промација секако дека треба да биде нотифицирано на почетокот, на крајот или во средина како медиумот ќе реши“, додава Бејкова. Иако баравме неколку пати да добиеме изјава од Амбасадата на Кина и амбасадорот во Северна Македонија, тие одлучија да молчат. Не дадоа никаков одговор колку пари даваат на медиумите
за објавување на текстови кои се платени од Амбасадата на Кина. Според нашите информации се делат големи суми за пренесување на позитивни вести за Кина.