51 годишна жена омажена во Куманово девет години е физички малтретирана од нејзиниот сопруг. Таа неколкупати го пријавила насилството во полициската станица во Куманов, но повторно била вратена во куќата на насилникот затоа што ниту една институција не и изглегла во пресрет.
Вчера откако била истепана од сопругот отишла до Кумановската болница но обезбедувањето на болницата не и дозволила да влезе и ја испратиле со такси во Скопје.
Таксито ја остави во близина на мостот во Бит Пазар каде што била забележана од граѓани кои се јавија во редакцијата на Порталикс.
Откако и стана јасно дека е на улица, со автобус стигнува до џамијата во Сарај, каде што и нашата екипа ја најде. Веднаш побаравме помош од центарот за социјални работи, институција која што треба да ги згрижи лицата кои што се жртви на семејното насилство.
Но тие инсистираа дека прво треба да се јавиме во полиција а потоа во центарот.
Ги послушавме и се јавивме во полиција, тие дојдоа и ни сугерираа дека жената треба да ја пратиме во Бардовци а од центарот инсистираа дека треба да има медицински извештај кој што докажува дека врз неа е извршено физичко насилство.
Погледнете како системот третира жена која што е жртва на семејно насилство…