XStoryXВести

Насилството секојдневие во скопскиот аеодром, нападнат и државјанин на Албанија

Нападнати, навредувани и заплашувани не се само таксистите од Косово, туку и таксистите од Албанија и Македонија. До „Порталикс“ пристигна една поплака и сведошдво од еден возач кој бил сведок на физички напад врз едно лице од Албанија. Тој вели дека и нему му е страв да превезува клинети на скопскиот аеродром.

„Еден колега од Тирана што има и фирма во Тирана има фирма и во Македонија го истепаа, буквално го истепаа, го туркаа му ја расекоа главата со нешто метално. Побаравме на 192 пет-шест пати се јавивме они не препратија во полициската станица во Петровец, таму полицијата рече видете договорете се, направија записник но никој не е преведен или на информативен разговор ништо“, рече еден возач.

Сопственикот на компанијата која што поседува лиценца од ТАВ-Македонија не ги суспендирал возачите, чека нови докази за да може да ги отпушти од работа.

„Ги суспендиравте работниците што ги видовте на видеото? Не, сè уште не сум ги суспендирал. Зошто? Дека не можам да го суспендирам таксистот без да го слушам косовскиот таксист. Верувам дека го видовте интервјуто. Тој од Приштина може да каже што сака“.

Од ТАВ-Македонија велат дека се преземени сите мерки и дека им е важно патниците да се чувствуваат безбедни.

„Како аеродромски оператор, а од аспект на соработката со споменатата такси компанија веќе презедовме соодветни мерки во делот на нашите ингеренции, со цел да спречиме вакви настани да се повторуваат во иднина. На вашето укажување како медиум му пристапуваме со сериозност и будно ја следиме ситуацијата. Како аеродромски оператор ние сме заинтересирани да имаме клиенти, односно патници кои се чувствуваат сигурно на аеродромот, како и компании кои обезбедуваат услуги a чии вработени се однесуваат професионално“, велат од ТАВ Македонија.

Related Articles

Back to top button