XStoryXВести

“Да ти еб*м Косово”, нападнат таксист од Косово во скопскиот аеродром

Таксистот Бурим Хајдари од Приштина го нападнале и навредувале во скопскиот аеродром откако тргнал по повик од базната станцица „Тесла“ да земе патник. На видеото може да се види дека две лица кои возат такси во рамките на скопскиот аеродром му го попречуваат патот и почнуваат да удираат во неговиот автомобил.

Бурим за „Порталикс“ вели дека првично го добил повикот од базата такси станица да ги земе патниците кои биле од Норвешка и слетале на скопскиот аеродром. Тој раскажува дека најпрвен го запреле двајца таксисти од аеродромот кои не му дозволиле да ги однесе патниците во Приштина.

„Ми се заканија, ме навредуваа, ги извадија куферите од багажникот, па доаѓаа по мене. Јас само одговорив на повикот од базната станица за да ги превезам патниците“.

За случајот зборуваа и патниците кои сведочат за скандалот што им се случи. Тие велат дека викнале такси од Приштина еден ден однапред. Мухарем Хоџа и Садете Нура биле шокирани од однесувањето на таксистите на скопскиот аеродром.

„Никогаш не сме виделе такво однесување. Не навредуваа и пцуеја, ни велеа дека ова не е Косово“, сведочат патниците.

Ваквите напади не се ретка појава во скопскиот аеродром, такси возачите од Приштина речиси секојдневно се соочуваат со навреди бидејќи превезуваат патници кои самите им се јавуваат преку базните станици за да ги земаат од скопскиот аеродром.

Related Articles

Back to top button