XStoryXВести

Еден човек посилен од цела градска администрација на Општина Куманово

Директорот на јавното претпријатие се обиде да го заклучи тимот на Порталикс во неговата канцеларија

30 семејства кои живеат во стамбена зграда на улица Србо Томовиќ 31 во Куманово веќе 15 месеци живеат во фекалии поради отворена нелегална шахта од еден сосед од друга улица. Од смрдеата не можат да живеат во сопствените домови а нивните деца веќе почнаа да добиваат и инфекции. Освен смрдеата сега тие се плашат од уривање на стамбената зграда затоа што јавното претпријатие направи план како да се изгради каналот преку темелот на зградата, сепак по копање од страна на една приватна фирма е оштетена една цевка и работите на каналот стопираа.

Жителите кои со години живеат во стамбената зграда не дале согласност да се гради околу нивната зграда поради безбедносни причини. Директорот на Јавното претпријатие Оливер Стојмановски наместо да даде одговори на новинарските прашање тој се обиде да не заклучи во неговата канцеларија.

За повеќе детали погледнете ја целата сторија на јутуб каналот на Порталикс.

Related Articles

Back to top button