Болниците кои вршат операции како во воено време. Пациенти се лекуваат според нивото на ургентност а не според потребата по дефектот во клиниката за хирургија „Мајка Тереза“. Екипата на Порталикс денеска престојуваше во градската здравствена установа “Свети Наум Охридски” и за моменталната состојба зборуваше директорот на оваа клиника Љубен Арсенков.
Во хируршката клиника „Свети Наум и Охридски“ сите болнички кревети се зафатени. Дневно се прегледуваат околу 300 пациенти, додека за две недели се направени над 200 интервенции на пациенти кои имале итна операција. Директорот на оваа клиника Љубен Арсенков вели дека товарот е голем и на лекарите и на целиот медицински персонал на клиниката.
Арсекнов додава дека се примаат сите итни пациенти и има случаи кога екипи се повикуваат и од дома за да интервенираат. Тој вели и дека не се прават операции на хронични пациенти кои имаат термин, но во случај да им се влоши состојбата се примаат во болница.


