Никој не знае кога ќе почнат со работа операционите сали на хируршката клиника „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот за здравство Илир Демири не знае, чека резултати од Германија кои да дадат гаранција за да се почне со работа. Ќе се примаат само итни пациенти, а останатите ќе бидат испратени на други клиники.
„Има мувла во гасот, ги сменивме филтрите на единицата и може да се користи. Но, во РСМ нема надлежна институција да даде дозвола дека може да се користи истиот гас. Затоа ги испративме во Германија на вештачење додека не ги добиеме резултатите, ќе користиме надворешни компресори за итни случаи“, изјави министерот.


