XStoryXВести

Отиде во Систина да го оперира левото колено, се разбуди со завој во десното колено

Седумдесетгодишниот Ремзи Точила од Феризај, Косово, отиде во болницата во Сиситина да ја оперира левата нога, додека лекарот ја оперирал десната нога. Откако му попуштила анестезијата, Точила видел дека докторот ја оперирал погрешната нога, поточно десната нога.
По неговата реакција следуваше понуда од управата на болницата Систина по три недели бесплатно да се оперира другата нога.
Но, Точила не прифатил и отишол да го прегледа друг лекар, а на консултацијата било констатирано дека ниту на левата нога не е потребна операција.

Испративме прашања и до приватната болница Сиситина. Тие ни одговорија кратко дека случајот е во судска постапка.
„Ве информираме дека за овој случај со пациентот Ремзи Точила, во тек е судска постапка.
Од таа причина, почитувајќи ги одредбите на Законот за заштита на правата на
пациентите, Законот за заштита на личните податоци како и почитувајќи ги начелата на
Кодексот на медицинската деонтологија, не би сакале да преjудицираме и да даваме
информации во врска со овој случај туку да оставиме надлжениот судски орган да одлучи
дали станува збор за лекарка грешка или не“.

Здравствениот систем во Косово ги принудува граѓаните од Косово лекот да го бараат во Македонија. Но добро е да размислите два пати пред да платите. и тие често вршат интервенции во приватните болници во Македонија.

Related Articles

Back to top button