XВести

Горан Грујевски уапсен во Загреб, ослободен откако Интерпол ја повлече неговата потерница

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР на Северна Македонија, Горан Грујевски, е уапсен синоќа околу 21 часот на аеродромот во Загреб при слетување во главниот град на Хрватска.

Хрватската полиција го уапси Грујевски врз основа на меѓународната потерница на Северна Македонија, а веднаш по апсењето ги извести МВР и Интерпол.

Но, по проверка на случајот, Интерпол ја повлече потерницата против него, бидејќи Грујевски ужива политички азил во Грција.

Поранешниот началник на Петтата управа сега е на слобода во главниот град на Хрватска.

Тој, заедно со неговиот колега Никола Бошковски, во 2017 година побегна во Грција, каде што побараа политички азил по обвиненијата против нив во предметот „Таргет – Tврдина“ на поранешното Специјално обвинителство, поврзан со нелегалното прислушување во Северна Македонија.

 

 

Related Articles

Back to top button