
Ергил Рахман продолжува да го бара својот имот што го купил двапати. Судот во Гостивар го откажа рочиштето бидејќи обвинетиот е во тешка здравствена состојба. Адвокатот на Ергил побара на обвинетите да им се суди во отсуство, додека судијата на случајот ќе ја разгледа можноста и одлуката ќе ја соопшти на 4 јуни, за кога е закажана следната судска седница.
Се почнува од извршителката Весна Јакимовска. Иако Ергил Рахми го затворил долгот пред истекот на рокот, односно ја платил последната рата од кредитот на 17.07.2006 година, 9 месеци подоцна полицијата му тропнала на врата и го известила дека имотот е продаден од извршителот и тој мора да го ослободи. Оваа организирана група отиде уште подалеку. Тие му нудат на Ергил да му ја продадат сопствената куќа, која ја купиле на аукција.
Ергил платил 69.000 евра, исплата за која има и докази. Но, купувачот ги зема парите и бега. За ова, Судот во Гостивар има донесено две пресуди, но Апелациониот суд ги отфрли.



