
По зачестените повици за полициско насилство кон новинарот Фуркан Салиу, преку реакција на Фејсбук се огласи новинарот и основач на ПорталиX.
Салиу вели дека ако му се случи нешто, одговорни ќе бидат Љупчо Москов, Драган Павловиќ Латас и Министерот Тошковски
„Вчера на емисија на национален медиум Драган Павловиќ Латас го поздрави насилството врз мене. Денеска Г. Москов бара да ми се запамети лицето од страна на ЕБР. Ако утре нешто ми се случи на мене, одговорите треба да ги барате кај Љупчо Москов и Драган Павловиќ Латас како и кај Министерот Тошковски„, пишува Салиу.
Реакцијата следува откако во затворена Фејсбук група се појави повик кон полицијата „да се запамти„ лицето на Фуркан Салиу.
„Љупчо Москов, познат за внатрешната контрола при МВР. Вработен во МВР, а според информациите од наши извори откако е дојден техничкиот министер поставен е на повисока функција. Со скриншот на група каде што има над 7300 членови, припадници на полицијата, вклучително и припадници на ЕБР директно повикува на насилство. Бара од полицајците да ми се памти лицето и да не ми се заборави. Ме прикажува мене како непријател на полицијата, имплицира дека сум нечиј платеник и дека работам против државата„, објаснува новинарот.
Прочитајте ја неговата реакција:
И повиците за негово таргетирање:


